22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Во контраст на заробеното општество, мнозинството граѓании застанаа во одбрана на демократијата

„Во контраст на автократските тенденции и заробеното општество во еден период, реакцијата на огромното мнозинство граѓани од сите генерации и гласот во одбрана на владеењето на правото и демократијата, беше раѓање на македонската пролет, одново. Обновата не демократијата и на демократските институции ја зајакна кохезијата во нашето општество и го издвои приоритетот за обединување за да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети“ кажа премиерот Зоран Заев на свечената владина седница по повод 30 години независност.

Премиерот додаде дека во последните шест години, граѓанските вредности во нашата земја повторно се поставени на највисоко место.

„Денес, кога славиме 30 години од нашата самостојна држава, Северна Македонија е длабоко приврзана кон европскиот проект. Имаме живо и динамично општество, во кое треба секој од нас да вложува за негов постојан развој. Граѓаните на нашата земја се активно поврзани со граѓанските вредности. Тие јасно го докажаа тоа“ кажа Заев.

Тој додаде дека делбите и кавгите заради теснопартиски или националистички интереси никому не донесоа ништо добро, ниту ќе донесат добро во иднина.

„Затоа ние секогаш ќе бидеме во предност пред било кој што би се обидел да го дели народот, да ги закрвува браќата и другарите меѓу себе, да сее омраза и раздор. Затоа што ние сме за сплотеност и унитарност, за просперитет и иднина. Ние градиме општество каде сите се еднакви и исто вредат“ кажа Заев.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

M T

МТСП: 8 Септември неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

M T

Коста Костадинов на чести средби со граѓаните – Ретко одат на седниците на општинските совети, ама сакаат средби со градоначалници

M T

СДСМ: Два нови капитални објекти за граѓаните, систем за наводнување во Ранковце и градинка во Крива Паланка

M T