Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Николовски: Горд сум што сум дел од генерација која учествува во храбри и клучни процеси

Во овие три децении имаме многу победи и битки, но и многу слабости, па затоа како генерација треба да се насочиме кон она што следува, односно кон она што граѓаните и младите го очекуваат преку нашиот искрен пристап, вели вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

-Имав седум години тогаш и ја памтам сликата кога на плоштадот Македонија кога не израдува претседателот Глигоров, Никола Кљусев и изминатото лидерство на државата. Сите ги памтиме зборовите на Глигоров кога ни честиташе суверена и независна Република Македонија, со што се заокружи тој илиденски и АСНОМ-ски континуитет, кажа Николовски.

Тој додаде дека е горд што е дел од генерација која учествува во храбри и клучни процеси. Сите сме мотивирани, вели Николовски, за да изградиме општество со еднакви вредноси за сите граѓани.

-Сега е моментот да се фокусираме на вистинските политики. Имаме многу битни одлуки од минатото и време е за храбро лидерство и повеќе да не губиме време. Наредните генерации нема да ни го простат тоа. Треба да ја градиме демократијата, да ги јакнеме институциите, но и да ги решаваме проблемите, порача Николовски.

Според вицепремиерот претстои уште една крупна цел, а тоа е враќање на довербата на граѓаните во системот.

-Преспанскиот договор е основа на она што во иднина треба да го градиме. Сега сме растеретени од таквиот вид проблеми. Фокусот е на растот на плати, пензии, градење училишта, патишта и мостови… Само со климата на заедништво ќе испорачаме резултати заклучи Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК