Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Црвениот крст прв контакт за граѓаните кои пристигаат од Авганистан

Првите граѓани од Авганистан кои ќе пристигнат во Македонија ќе имаат прв контакт со македонскиот црвен крст.

Праќаме порака на топло добредојде, солидарност и поддршка која спасува животи.

Извори од Владата за Centar.mk брифираат дека сите граѓани кои ќе пристигнат ќе добијат основен пакет со поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција..

Властите уверуваат дека МВР ќе ги спроведе сите безбедносни мерки и проверки, а Министерството за здравство ќе спроведе ПЦР тест и ќе обезбеди вакцина.

Од Владата извори брифитаат дека Македонија кажува добредојде на граѓани кои се спасуваат од налетот на радикализмот и на народ кој 20 години го бранеше мирот и демократијата во Авганистан.

Можеби ќе ве интересира

Манасиевски: Дали Филипче е дел од бугарските мисии во Скопје за кои говори бугарската министерка Петрова Чамова?

ДЕСК

Филипче: Каква широка влада, каква коалиција, јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите

ДЕСК

Македонската опера и балет: Со неизмерна тага и неверување ја примивме веста за трагичната смрт на првенецот баритон Ристе Велков

ДЕСК