Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Очекувајте значитечна промена на времето – УХМР со детална прогноза за цела недела

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 6, информираат од УХМР.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

-За време на викендот ќе преовладува умерено облачно време со услови за краткотраен дожд, утре претежно во источните делови, а во недела во планинските подрачја. Во западните делови в недела ќе дува засилен западен ветер. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен западен и северозападен ветер, известуваат од УХМР.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК