Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кавги и раскол во ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, Мицкоски не може да ја состави советничката листа

Сериозен инцидент е избегнат пред два дена во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валандово, а како наближуваат локалните избори се зголемува расколот во ВМРО-ДПМНЕ.

Општинскиот комитет на опозициската партија во Валандово е во целосен хаос од поделби и фракции, а жолчните кавги на партискиот состанок биле резултат на големото незадоволство поради изборот на Тони Узунов за кандидат за градоначалник. Тензијата дополнително кулминирала со обидот Јулијана Тушевска да биде избрана за носителка на советничка листа.

Голем дел од членството на опозициската партија во Валандово обвинува дека Узунов е кандидат единствено на Мицкоски, но не и на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемиот број од членството на партијата во Валандово застанало зад Ѓоко Камчев и тие не сакале партискиот лидер да им наметнува кандидати.

Состанокот на Општинскиот комитет бил прекинат без воопшто да се донесат заклучоци, поради тоа што предлогот на Мицкоски за Јулијана Тушевска за носителка на советничка листа експресно бил одбиен од страна на членовите.

Узунов и Тушевска биле исто така обвинети за блиски релации со поранешни високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ, од времето на режимот, со кои наводно биле и во роднински врски.

Пред само два дена Мицкоски се соочи со истиот проблем и во Битола.

Тој замина во Битола со цел да состави советничка листа, а таму не комуницирал со никого, освен со своите најблиски соработници, а пратеничката Силвана Ангелевска и Иванчо Тошевски, поранешниот претседател и координатор се целосно оттргнати од него.

Последната информација која кружеше низ градот е дека општинскиот комитет е распуштен.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК