Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

486 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (27.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 486 возачи. Од нив, 73 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 244 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 242 надвор од населено место.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК