Centar.mk
ЛОКАЛНОМАКЕДОНИЈА

Во средните училишта во Тетово и Гостивар наставата ќе се одвива онлајн

Учениците од средните училишта во Тетово и во Гостивар ќе ја почнат учебната година со онлајн настава, истакна министерот за здравство, Венко Филипче во Тетово по средбата со градоначалничката Теута Арифи.

Министерот образложи дека одлуката утрово ја донела Комисијата за заразни болести, а се однесува на првите две недели од почетокот на учебната година по што ситуацијата ќе се следи и дополнително ќе се одлучува.

Една од главните причини за оваа одлука, како што образложи Филипче, е ситуацијата со бониците, кои се преоптеретени. Рече дека бројот на ученици во средните училишта во овие два града е мошне висок и може да претставува дополнителен ризик фактор.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК