22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Италијански сексолог: Обликот на градите зборува многу за сексуалните склоности на жената

Италијанскиот сексолог Пјеро Лоренцони објасни дека женските гради можат да го покажат карактерот во иста мера како што покажува астрологијата.

Тој ги спореди типовите на женските гради со овошни дрвја, па тврди дека според големината и обликот на градите, мажите можат да откријат се за жената. Според неговата теорија, жените со мали гради се возбудливи, интелигентни, сакаат секс и се вистински сопатници во животот.

Тој ги дели жените со големи гради на оние кои ретко ќе одбијат покана за секс и дами кои повеќе уживаат во нежноста. Според обликот на градите, Лоренцони ги подели жените на дињи, грејпфрут, круши и лимони. Тој додаде и портокали и тврди дека жените со таква форма на градите не се луди за секс, туку сакаат гушкање.

Диња

Според тој италијански сексолог, жената со големи заоблени гради кои изгледаат како дињи на прв поглед изгледа мајчински, но тоа е далеку од вистината. Таквата жена сака да јаде, сака да биде разгалена и да и се восхитува и не е премногу заинтересирана за секс.

Лимон

Градите во облик на лимон укажуваат на огнен партнер. Таквата жена е полна со живот, знае да се смее и да се шегува на своја сметка, а тие ја сакаат разновидноста во креветот. Овие жени се полни со живот, понекогаш дрски, но пред се сакаат живот полн со изненадувања и адреналин.

Грејпфрут

Жените што се кријат зад ваквите гради, се далеку од она што го очекуваате. Можеби изгледаат секси и заводливо, но во суштина се срамежливи и не ги интересираат големи изливи на страст. Тие ќе го разгалат својот партнер, но размената на нежност ќе ја стават пред сексот.

Круша

Ако ве интересира жена со гради во облик на круша, знајте дека, иако се конзервативни, жените со оваа форма на гради сакаат да водат љубов во сите варијанти. И внимавајте! Иако делуваат многу сериозно, овие припаднички на понежниот пол се склони кон прељуба.

Јаболко

Јаболчестите гради наводно откриваат фригидна домаќинка, на која и е тешко да доживее оргазам, но би пробала се во кревет. Тие не сакаат да ги менуваат партнерите и обично се попаметни од своите сопрузи.