Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Шилегов: Не знам зошто Арсовска се срами од ВМРО-ДПМНЕ

„Не знам зошто Арсовска се срами од ВМРО-ДПМНЕ. Излези и кажи јас сум кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно е дека таа се срами. Се срами и самата партија да излезе пред скопјани, бидејќи многу од аномалиите кои ги исправаме во овие четири години се настаните поради некомпетентност и несовесност при владеењето со нашиот град во минатото од нивни градоначалници“ кажа градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во гостувањето на Дневникот на Сител ТВ.

„Жал ми е што нејзиното прво појавување на политичката сцена е потценување на скопјани. Да се претставиш како независен кандидат, а и врапчињата знаат дека е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е потценување на граѓаните на Скопје и на неопределените гласачи“ кажа Шилегов.

Тој додаде дека е јасно кој е независен кандидат, а кој не. Актуелниот градоначалник на Скопје кажа дека тоа што му пречи е што одредени луѓе се кријат зад завесата на независност и така ја убиваат граѓанската демократија.

„ВМРО-ДПМНЕ има сериозно добра и позната историја на таканаречени независни кандидати, од последните претседателски избори со професорката Силјановска, претходно и со Иванов. Се покажа дека зад ваквите таканаречени независни кандидати се кријат луѓе кои стануваат најревносни партиски послушници“ рече Шилегов.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК