Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

310 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 310 возачи. Од нив, 37 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 126 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 184 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК