Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

262 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 262 возачи. Од нив, 32 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 171 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

КЛЕКОВСКИ ПО НАПАДИТЕ ВРЗ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА – „НЕ МОЖЕ СЕКОЈА БРЗА ПОМОШ ДА ИМА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ“

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВО СРЕДА СЕ БУДИ ВО МИНУС – Потоа следуваат обилни дождови, силен ветер и снег за викендот

ДЕСК

Попов: После 14 години СДС во Центар, општината не е способна да реализира сериозен проект, освен да нацрта мурал

ДЕСК