9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Автомобил удри во велосипедист во Скопје, возачот избегал

Седумдесет и четиригодишен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на крстосницата од ул.„Самоилова“ и сервисна улица што ги поврзува ул.„Самоилова“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, кога возило „цитроен Ц5“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед, управуван од Т.Т.(74) од Скопје. Возачот избегал.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Малолетен пешак тешко повреден по удар од автомобил

M T

Промена на акумулатор на автомобил стар 10 години – 30.000 евра

M T

Арачиновец со автомобил излета на поранешниот полигон под скопско Кале

M T

Тешко повредена жена од струшко откако автомобил излетал од патот

M T

Автомобил прегази маж на скопската обиколница, пешакот починал на лице место

M T

Тримесечно бебе почина во Вашингтон откако родителите го оставиле во автомобил

M T