Денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8
И утре времето ќе се задржи стабилно со благ пораст на дневната температура. Во среда попладне и во четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 25.08.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 35°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, претежно во северните и источните делови. УВ=7
Прогноза за 26.08.2021
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Претпладне и околу пладне променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. УВ=7
Прогноза за 27.08.2021
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. УВ=8