Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски плука по цела фела, а 10 години судии и обвинители се бираа од партиско тефтерче

Поранешниот премиер на Македонија и бегалец од правдата Никола Груевски, пред народот тврдеше дека на суд ќе ја докажува својата невиност, за потоа да избега во Будимпешта. Сега од таму, со тешки навреди ја критикува речиси целата судска и обвинителска фела, споредувајќи ги со Талибанците од Авганистан.

За време на десетгодишното владеење на екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, барем одона што го слушнавме од прислушуваните разговори, судија или јавен обвинител тешко се избирало без негова дозвола. Наместо судиите да се бираат преку Судскиот совет, според нивните компетенции и стручност, нивните имиња се ваделе од партиските тефтерчиња.

По неговото урнисување на судството и бегството во Унгарија, земјава започна активна проверка на работата на судиите или т.н. филтрација.

Досега поради нестручно и несовесно работење разрешени се 16 судии, меѓу кои и дел од тие кои беа дел од т.н. „сваровски судство“.

Реформите во правосудниот сектор во Северна Македонија, по долги години стагнација, даваат резултати, за што говорат и извештаите на Стејт Департментот и Европската комисија.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +