Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Загина велешанец во сообраќајка на патот Градско-Велес

Педесет и седумгодишен велешанец загина во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на регионалниот пат Градско – Велес.

Според информациите, несреќата се случила кога Д.Н. со „фолксваген поло“ излетал од коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршиле увидна екипа од СВР Велес и Јавен обвинител, по чија наредба телото на почнатиот е предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

C +

Дожд, снег и засилен ветер до петок: циклон носи над 50 литри дожд

C +

Мицкоски во Будимпешта ќе се сретне со Орбан

C +