Centar.mk
фото Општина Карпош
ЛОКАЛНО

Општина Карпош ја реконструира улицата „Атинска“ во УЗ „Владо Тасевски“

Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“.

Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе бидат уредени со комбинација на бекатон елементи и асфалт.

„Започнуваме целосна реконструкција на овој дел од улицата „Атинска“ која ќе биде завршена за 30 дена. Ги замолуваме нашите граѓани за трпение и разбирање за време на градежните активности“ – истакна Лукровски.

Проектот опфаќа реконструкција на улицата во должина од 435 метри, со што значително ќе се подобрат условите за движење на возилата и пешаците, а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 16 милиони денари, а рокот за завршување на реконструкцијата на улицата е 30 работни дена.

Општина Карпош продолжува со континуирани вложувања во подобрувањето и модернизацијата на локалната инфраструктура, со цел создавање безбедна, функционална и квалитетна урбана средина.

фото Општина Карпош

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА НЕКОЛКУ СЕЛА ВО СКОПСКО – Прекинот ќе трае седум часа

ДЕСК

Градоначалникот Александар Георгиевски учествуваше на регионален форум посветен на Зелената агенда

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Бутел ја доби својата оаза – победи зеленилото наспроти бетонизацијата

ДЕСК