Утре ќе преовладува сончево време со пониски дневни температури, кои ќе се задржат и во наредните неколку дена. Во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи.
Променливо облачно и понестабилно ќе биде во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.
Прогноза за 19.08.2021
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 34°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. УВ=7
Прогноза за 20.08.2021
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. УВ=7
Прогноза за 21.08.2021
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. УВ=8