22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСМОЗАИКИЗБОР

На што Германците трошат многу пари? Ќе се изненадите кои две работи се истакнуваат

Германската држава драстично ги зголеми субвенциите во последните години. Најголем дел од парите од данокот одат за еколошки проекти.

Трошоците за субвенционирање на различни владини мерки се удвоија во последните три години, се вели во извештајот за субвенционирање на Министерството за финансии објавен доцна во неделата.

Според тој извештај, обемот на субвенции се зголеми од 24,6 милијарди во 2019 година на 47,2 милијарди како што беше предвидено за следната година. Тој обем мора да биде потврден од федералната влада следната недела.

Најчесто за реновирање згради
Дел од субвенциите одат за даночни олеснувања, но најголем пораст е забележан во однос на директните финансиски „инјекции“. Дури 22,3 милијарди паѓаат на најголемата „голтачка“ на субвенции – мерките за заштита на климата и животната средина.

Голем дел од “колачот” е наменет за субвенционирање на електро-мобилност, т.е. за директни субвенции за купување електрични автомобили и изградба на инфраструктура за полнење батерии. Замената на возилата за јавен превоз исто така е субвенционирана.

Но, повеќето одат за субвенционирање на адаптацијата на зградите на модерните еколошки стандарди. За мерки како замена на греењето или подобра изолација, државата планира да одвои 2,7 милијарди евра само следната година.

Повеќе за дигитализација
Покрај мерките за заштита на климата, големите ставки во субвенциите вклучуваат домување, мобилност и дигитализација. 876,4 милиони евра ќе бидат инвестирани за надградба на брзата интернет мрежа, што е значителен скок во споредба со 2019 година, кога беа доделени 265 милиони. Критиките од редовите на економијата дека Германија заостанува во дигитализацијата очигледно наидоа на разбирање.

Со овој извештај, владата ја продолжува практиката за прецизно информирање на парламентот, како и Советот на германските провинции (Бундесрат) за распределбата и висината на субвенциите.

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

ОВОЈ ЗНАК ЌЕ СЕ ЗБОГАТИ ВО ОКТОМВРИ: Го чека голем прилив на ПАРИ

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T

Јапонец наплатува КУП пари за да не работи НИШТО: Го бараат клиенти, бизнисот цвета!

M T

Германците не се шегуваат – Пресметано колку пари навистина можете да заштедите со ладен туш

M T