Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

Честитка на генералниот секретар Николовски за Денот на Армијата: Вие сте столбот на нашата одбрана, почитувана Армија која е дел од НАТО сојузот

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, по повод 18-ти август – Денот на Армијата во свое лично име и во името на СДСМ, упати честитка до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија.

„На сите припадници на Армијата им упатувам честитки по повод денот на Армијата на Република Северна Македонија и искрена благодарност за храброста, посветеноста, професионалноста и несебичниот ангажман, кој го даваат во заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава и сите нејзини граѓани, но и при справувањето со пандемијата од коронавирусот и елементарните непогоди, какви што беа и пожарите кои ја зафатија нашата земја во изминатите денови.

Армијата со својата лојалност, обученост и подготвеност секогаш е тука кога е најпотребно, од 18 август 1943 година, кога со храброст и визија за сопствена држава беше формиран батаљонот „Мирче Ацев“, до денес кога како рамноправен дел на НАТО е гарант на регионалниот и светскиот мир и стабилност.

Вие, припадниците на Армијата, сте столбот на нашата одбрана, почитувана Армија која е рамноправен дел од НАТО, најмоќниот воено-безбедносен сојуз.

Условите за работа, примањата и опременоста на Армијата на Република Северна Македонија во изминатите четири години значително се подобрени, а припадниците на Армијата со својот професионализам, пожртвуваност и подготвеност се наша гордост.“

Нека е честит 18 август – Денот на Армијата, се наведува во честитката на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК