Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 75 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 17 прекршоци што ги чинат пешаците, девет за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, 30 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК