22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАКУЛТУРА

Пендаровски на 54-та Летна школа за македонски јазик: Потешкотиите ќе не насочат кон солидарноста

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 54-та Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, којашто се одржува во Охрид од 15 август до 1 септември 2021 година со учество на 50 учесници од 16 земји.

Таа е продолжение на работата на Првата зимска школа, двете во знакот на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

„Годинава одбележуваме сто години од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески и токму затоа, оваа 2021 година е посветена на неговото велико дело“, истакна Пендаровски.

„Сигурен сум дека запознавањето со делото на Конески ќе биде додадена вредност за педесеттемина учесници коишто ни доаѓаат од 16 земји од три континенти. Тоа е бројка за почит и сведочи за несмалениот интерес за изучување на македонскиот јазик и на македонската литература и за подлабоко запознавање со македонската култура. Со тие факти, со право, треба да се гордееме, но тие истовремено и не обврзуваат да продолжиме да ги развиваме и да ги унапредуваме врските со сите посветени вљубеници во македонскиот јазик и промотори на македонската литература и култура“, додаде македонскиот претседател.

Пендаровски оценува дека како човештво се соочуваме со тешки искушенија.

„Освен гео-политички судири и борби за ресурси, за територија и за моќ, во континуитет, се соочуваме со климатски промени што се особено видливи ова лето, со енормно високи температури кои погодуваат на ширењето пожари низ нашата земја, но и во други земји во Европа. Тука е и пандемијата на Ковид-19 која не стивнува, држејќи не сеуште во страв и неизвесност. Сите овие кризи ни покажуваат колку сме кревки и бараат преиспитување на нашите вредности, верувања и приоритети. Се надевам дека овие потешкотии ќе не насочат повеќе кон духовноста, помалку кон материјалното, повеќе кон солидарноста наспроти омразата и себичноста“, рече тој.

Според него, јазикот, уметноста и културата се оние сегменти кои му даваат значење и смисла на човечкиот живот и овозможуваат траење низ времето и помнење за иднината.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите

M T

Претседателот Пендаровски и сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета

M T

Претседателот Пендаровски ja пречека словачката претседателка Зузана Чапутова

M T

Пендаровски-Браже: Северна Македонија ќе продолжи активно да се бори против дезинформациите

M T

Пендаровски до Рот: Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ

M T

Пендаровски: Скопје сè уште живее со споменот за настраданите во катастрофалниот земјотрес

M T