17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЗНМ: Безбедноста на новинарите, фоторепортерите и снимателите на јавните протести мора да се гарантира

Здружението на новинари на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи гарантирање на безбедноста на присутните новинари и сниматели, на протестите кои се одржуваат против новите антиковид мерки.

„Слободата на говор и правото на протест е загарантирано право и уставна категорија, меѓутоа кога со злоупотребата на овие права се загрозува безбедноста и животот на другите, во случајов новинарите, бараме итна превентивна реакција на институциите“, велат од ЗНМ.

Оттаму предупредуваат дека говорот на омраза кон одредена група може да поттикне насилство од омраза за кое кривичниот законик предвидува поголеми затворски казни. Исто така, новинарите кои се службено присутни на јавни протести со цел истите да ги проследат таму се на работна задача во интерес на јавноста и правото на информирање. Нарушување на нивната безбедност од јавни настани го ускратува и правото на граѓаните да бидат информирани, додаваат од ЗНМ.

„На вчерашниот јавен протест, организиран од страна на група граѓани поттикнат од новите мерки за превенција, беа упатени вулгарни пораки и груби навреди кон новинарите, а на тој начин индиректно ја загрозија безбедноста на новинарите и снимателите кои беа присутни да го проследат овој настан. Анонимните говорници на овој протест не само што самите преку својот говор ја загрозија безбедноста на медиумските работници, тие дополнително ја поттикнаа и присутната толпа да учествува во омаловажувањето новинарите“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност

M T

Кулеба: Светот и должи на Украина безбедност, тропнавме на вратата на НАТО, која никогаш не се отвори

M T

Блинкен: Ова е закана за безбедноста на Европа

M T

Кина повикува на почитување на „принципот на неделива безбедност“ во Украина

M T

Спасовски на конференција на Опсерваторијата за безбедност на патиштата на Западен Балкан: Динамизираните полициски активности даваат резултати во намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи со фатални последици, што покажува дека сме на вистинскиот пат

M T