22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ненад Коциќ: Зад срамните протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица, СДСМ ги осудува нападите на лекарите и медиумите

Прес-конференција на Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ:

СДСМ најостро ги осудува вчерашните протести, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите.

Докторите и медицинскиот персонал кои неуморно се во првите линии во одбрана од корона вирусот се нашите херои кои заслужуваат длабока почит и благодарност. Медиумите и новинарите имаат клучна улога во навремено информирање на граѓаните и недозволиво е да се напаѓаат.

Не само пораките од овој срамен настан, самиот протест претставува загрозување на здравјето на граѓаните.

Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје.

Здравјето на човекот е над се!

Организацијата на протестите во повеќе градови, иконографијата идентична со опозициските митинзи, политичките пораки против актуелни министри како и евидентно присутните членови и симпатизери на две политички партии покажуваат дека зад овие протести стојат ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Секако поддржани од Бојкотирам.

Токму ВМРО-ДПМНЕ и Левица, беа против новите мерките за заштита на здравјето и за цело време од пандемијата делуваат спротивно на препораките, поттикнувајќи непочитување на мерките.

Со овој начин на делување ВМРО-ДПМНЕ и Левица се сериозна опасност по здравјето на граѓаните.

Почитувани граѓани,

Лажните информации со кои некој упорно сака да ве одврати од вакцинацијата се на ваша директна штета, на штета на вашето здравје и на штета на здравјето на оние околу вас.

Масовната вакцинација е единствен начин за да се заштитите, да го заштитите вашето но и јавното здравје.

Ги повикуваме сите граѓани кои досега не се вакцинирале да го сторат тоа што поскоро. Вакцини има доволно.

Фактот што дури 90% од новозаразените последната недела се невакцинирани и исто толкав процент од хоспитализираните, е недвосмислена потврда за ефикасноста на вакцините.

Почитувањето на новите мерки за заштита на здравјето е исто така многу важно.

Веќе во многу држави е секојдневие да се бара ковид серитификат за влез во различни објекти или на настани.

Тоа не е дискриминација, туку одговорност и заштита на јавното здравје.

Да бидеме одговорни кон себе и кон другите, да дадеме свој придонес во оваа борба која е заедничка за целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица стојат зад срамните протести, најостро ги осудуваме нападите врз лекарите и медиумите

M T