Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

340 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 340 возачи. Од нив, 29 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 165 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 175 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

УТРОВО НУЛА СТЕПЕНИ ВО ЛАЗАРОПОЛЕ, 11 ВО ОХРИД И ПРЕТОР – Објавени измерените температури низ Македонија

ДЕСК

ПАРТИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ БАРА ПОСТРОГИ КАЗНИ ЗА КОРУПЦИЈА – Целосна конфискација на незаконски стекнатиот имот

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК