21. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Двојни аршини – Антокорупциска распишала тендер за кампања, а претседателката Ивановска во исто време ги критикува владините кампањи и истражувања

Тргна ли претседателката на Антикорупциска во политичка пресметка со Владата? Во изјавата за Телма, со класичен партиски речник, таа укажува дека на избори граѓаните ќе кажеле што мислат за Владата и тоа го користи како аргумент зошто Валадата не требало да го испитува јавното мислење по однос на различните политики.

За неа кампањата на Владата за вакцинација била оправдана, а другите “две кампањи” биле непотребно трошење пари, затоа што борбата со корупцијата најдобро се водела со личен пример, вели таа и уште додава дека најдобар тест за резултатите од владината борба со корупцијата биле изборите. Не е јасно на кои други две кампањи мисли Ивановска, ако се има предвид дека станува збор за само уште една кампања – таа за антикорупција. Нема трета.

Да не станува збор за претседателка на ДКСК ќе се помисли дека ова се повици од страна на опозициска партија.

Од една страна Ивановска се противи на владините кампањи од јавен интерес, а од друга страна и самата има потреба од јавни кампањи.

Имено на tenderi.mk може да се види дека и Комисијата за спречување на корупцијата има повик за ПР комуникациски услуги финасиран од ОБСЕ.

Дали и за ДКСК важи премиста дека „личниот пример во борбата со корупцијата е најдобра кампања и дека за тоа не треба да се трошат пари“, или се работи за двојни стандарди на ДКСК?

Инаку станува збор за две кампањи, едната е за вакцинација, а другата за борба со корупцијата. Третиот повик на Владата не е кампања туку истражување на јавното мислење, што воопшто не е кампања.

Владата објаснува дека Медиа планот не се однесува на закуп на медиумско време кај радиодифузерите, затоа што тоа е сѐ уште забрането со закон, согласно членот 102 од законот за ААВМУ, туку на користењето различни канали за комуникација со јавноста како што се односи со јавноста, настани, печатени материјали, билборди, социјални медиуми, печатени медиуми.

Дополнително, од Владата објаснуваат дека јавните набавки се распишани уште во месец април годинава и при тоа посочуваат претходни спроведени истражувања кои за прв пат се ставаат на располагање на јавноста во делот Отворена влада на веб страницата на Владата (vlada.mk/istrazuvanja), нешто што беше дури и класифицирана информација на ниво на државна тајна во времето на Груевски.

За потсетувување, владата на Груевски потроши 38 милиони евра за кампањи и истраживања за период од 7 години, или близу 5.5 милиони евра годишно на неоправдани теми за чии резултати никогаш не дознавме.