Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски оддаде почит на десеттемина армиски резервисти загинати кај Карпалак

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Прилеп, присуствуваше на одбележувањето на 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак. Претседателот Пендаровски положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во центарот на градот и оддаде почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски.

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија положи цвеќе и пред спомен-плочата кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје, каде што на 8-ми август 2001 година животот го загубија десеттемина армиски резервисти од Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

ДЕСК

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК