Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Меѓу починатите од Ковид 19 денеска и трудница од Куманово – бебето ставено во инкубатор

29 годишна родилка од Куманово почина од компликации на ковид-19. Таа денес се најде на списокот од 4 починати лица во последните 24 часа од коронавирус.

Неколку дена била во тешка здравствена состојба, а последните три дена била хоспитализирана на Инфективната клиника.

Таа претходно се породила во седмиот месец од бременоста, и бебето според извори е ставено во инкубатор.

Од Министерството за здравство потврдија дека починала родилка и велат дека таа била во тешка здравствена состојба како последица на коронавирусот.

Денес беа регистрирани дури 398 случаи на коронавирус што е рекордна бројка од почетокот на летово кога дневно се бележеа по неколку десетици случаи на опасниот вирус.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК