Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

424 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 424 возачи.

Од нив, 40 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 225 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 199 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК

Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

ДЕСК

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК