Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

58 санкционирани возачи на мотоцикли на подрачјето на Скопје

Во периодот од 18.00 часо на 07.08.2021 до 02.00 часот на 08.08.2021 од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Полициското одделение за сообраќајно-ескортно обезбедување, спроведена е зајакната акциска контрола на подрачјето на Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. При контролата санкционирани се 58 возачи, од кои 21 биле исклучени од сообраќај. Од нив, 27 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 17 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК