2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Системот функционира,апелираме на одговорност и поддршка за институциите кои се справуваат со пожарите

– СДСМ со загриженост го следи развојот на настаните со пожарите кои зафатија голем дел од територијата на државата. Станува збор за катастрофа од големи размери, во која за жал има и човечки жртви, предизвикана е голема материјална штета и сериозно нарушување на природните ресурси, велат од СДСМ во соопштението кое го емитуваме интегрално во продолжение:

Во вакви сложени услови ја искажуваме нашата поддршка на сите надлежни институции на централно и локално ниво кои се справуваат со пожарите.

Системот функционира, државата е тука за граѓаните, бргу се организира и веќе е воспоставена контрола на постоечките жаришта. Обезбедена е и меѓународна поддршка со чија помош ќе успееме полесно да се справиме со овој предизвик.

Кризната состојба ќе им овозможи на институциите на посоодветен начин да ги планираат и спроведуваат активностите и ќе овозможи активирање на сите капцитети со кои во моментов располага Република Северна Македонија.

Апелираме до сите политички партии во овие моменти да покажат сериозно ниво на одговорност, да се воздржат од сензационалистички настапи, неодговорно пласирање конструкции и да ги поддржат институциите и ангажираните луѓе кои се справуваат со пожарите.

МВР веќе ја информираше јавноста за лица против кои се водат постапки за можно подметнување на пожар, ги поттикнуваме сите надлежни институции – пред се јавниот обвинител, да поведат истраги и да се утврди евентуалната одговорност.

Оваа криза покажа дека имаме систем и дека како држава уживаме меѓународен углед, имаме пријатели и во регионот и во Европа.

Благодариме за секоја подадена рака, на мака се познаваат пријателите.

Граѓаните знаат дека институциите, припадниците на полицијата, на армијата, а пред се на противпожарната служба, прават натчовечки напори да се изборат со овој нов многу сериозен предизвик.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +