На социјалните мрежи врие на тема пожари во Македонија.
Откако денес директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорги Галетановски напиша статус во кој порачува “Си играте со човечки судбини. И тие што палите намерно и тие што се ситите на пожарите. Освен најтешки казни и господ ќе ви суди”, се јави и Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ, кој му реплицираше на Галетановски со следниот коментар:
-Абе фатете се за работа не делете памет и побарајте што ви треба човечки капацитет да ви се помогне, пола држава и пола градови ви изгореа”
Оваа порака наиде на жестоки реакции. Особено најжестока во одговорот беше портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска која порача:
– Dimsa “да ВИ се помогне”!? “Пола држава ВИ изгоре”?!
Не е твоја? Каде живееш ти?
Институциите се на сите граѓани, пожарите се опасност за сите еднакво. И треба да се побара да се помогне?!
Зарем не е тоа повик од внатре кој доаѓа и ти вели дека треба да се помогне?
Или како со докторите за кои велевте “еве и ние ќе ги дадеме НАШИТЕ доктори” на сред најтешка здравствена криза, па така и сега.
Доста веќе ги делите луѓето и во ваквите несреќи се служите со мое – твое, ваше – наше….
Не ми се верува што читам…”, порача Кузеска.