Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење од 30 дена поради состојбата со пожарите.

Ова го најави и премиерот Зоран Заев кој рече дека утрово во 08:30 часот ќе се одржи седница на Влада и ќе се одлучува по предлогот.

Од Центарот за управување со кризи претходно соопштија дека Управувачкиот комитет на седница го прифатил предлогот на Групата за процена и предлага на Владата да донесе одлука за постоење на кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека Групата за процена вчера попладне одржала седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донела едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет да ѝ предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

„Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и ѝ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена“, беше изјавено од страна на Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.