На 05.10.2026 во 19:15 часот на улица „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода 76-годишник од Охрид, кој претходно во семејниот дом, физички нападнал член на неговото семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол.
При увид и претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид го пронајдоа и одзедоа пиштолот и по целосно расчистување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


