Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчера вечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот на возилото кој бил пренесен во болница заради укажување на лекарска помош починал од срцев удар.

Според полицијата настанот се случил вчера на 03.08.2021 во 21.00 часот кога на магистралниот пат Граничен премин Блаце -Скопје, Н.Б.(55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Н.Б. бил пренесен во Градска општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош, но починал од срцев удар.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК