Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ТЕТОВО: Жена приведена откако го удирала во асфалт своето тримесечно бебе

На 14.06.2026 во 17:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле слобода жена(42) од Прилеп, со престој во Тетово, а во 18:30 часот во с.Сараќино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишиле од слобода маж(37) од истото село.

Претходно, во 16:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 15:30 часот приведената била забележана како физички го малтретира и удира во асфалт своето тримесечно бебе. Лицата што го забележале тоа, ѝ го одземале детето и го пријавиле случајот.

За настанот е известен социјален работник и инспектор за малолетници, а двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.