Седумдесетгодишен македонски турист бил спасен откако изгубил свест додека се капел во морето на плажата во грчкото туристичко место Неи Пори.
Според грчки медиуми, дежурниот спасувач навреме забележал дека мажот е во опасност, веднаш влегол во водата и успеал да го извлече на брегот.
По интервенцијата, на туристот му бил даден кислород, по што почнал да покажува знаци на закрепнување и повторно се освестил. Не било потребно да се изврши реанимација.
Мажот потоа бил пренесен во болница, каде останал под лекарски надзор два дена, по што бил пуштен на домашно лекување.


