Centar.mk
ЛОКАЛНОМАКЕДОНИЈА

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart пишува нова приказна во Битола

Битола, градот на сонцето и историјата, блесна со ново светилиште на спортот.

Mozzart ја продолжува својата мисија за изградба на мини пич терени – места каде што спортот расте, младите сонуваат и заедницата се обединува. Фудбалот е повеќе од игра, тоа е празник на срцето и нова приказна што се пишува во Битола

Теренот го носи името на легендата Петар Упалевски – Упале. Името што значи храброст, посветеност и инспирација.

Ова е чест, обврска и доказ дека оставив белег,“ рече Упале – зборови што одекнаа како симбол на гордост и благодарност.

На отворањето присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски, претставници од општината, родители, деца и млади таленти – сите обединети во една радост што ја исполни Битола.

Првите удари на топката ги дадоа младите фудбалери на ФК Пелистер – можеби токму тука ќе се роди новата македонска ѕвезда.

Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат,“ истакна Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ веќе ја испиша својата приказна во Охрид, Велес и Свети Николе. Годинава започна во Битола, а следна станица е Кочани.

Секој нов терен носи повеќе од игралиште – носи приказна што се пишува со секој удар на топката, создава заедница што расте заедно и остава потсетник дека спортот има сила да го менува животот.