10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Системот покажа дека функционира – државата се справи со страшните пожари без ниту една жртва

Со минимални материјални штети и без ниту една човечка жртва, Северна Македонија се справи со страшната огнена закана која зафати повеќе делови од територијата на земјата. Институциите на системот со навремена реакција ги ставија под контрола огнените јазици и ги заштитија животите на граѓаните.

Ставајќи ја безбедноста на граѓаните, но и на пожарникарите и армијата на прво место, Центарот за управување со кризи покажа државата знае како да се снајде во криза.

„Нека гори се, само сите да се живи и здрави. Затоа како ЦУК целосно ќе бидеме фокусирани на луѓето, а потоа на материјалните добра. Изгорени се само два покриви на куќи, неколку возила, но најважно е што нема жртви. Дрвјата ќе пораснат повторно, крововите ќе се санираат, но човечкиот живот нема да се врати“ рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Успешното справување и заштитата на населените места и граѓаните покажаа дека сисмот функционира и дека сите надлежни институции во државата, на централно и локално ниво се активни во спавувањето со пожарите.

фото илустрација/пожарна Скопје

Спонзорирано: