Centar.mk
МЕТЕО

Сончево време со температура до 43 степени

Времето ќе биде сончево и многу топло, информира УХМР. Од пладне ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната од 36 до 43 степени. УВ=9.

Во Скопје, сончево и многу топло со умерен до засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде 21, а максималната ќе достигне до 41 степен.

Продолжува периодот на стабилно и особено топло време. Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени.

Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.

Можеби ќе ве интересира

ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Дожд и невреме пред доаѓањето на студени утра

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со најнова прогноза, подгответе се за промена на времето

ДЕСК

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК