Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети

Силно невреме синоќа го зафати Дојран. Причинета е материјална штета, а градоначалникот ги повика граѓаните да пријават штети.

„Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со материјална штета. Би сакал да ве известам дека екипите на ДППД Дојран и доброволна група граѓани,екипите на ЕВН веднаш излегоа на терен и започнаа со расчистување на паднатите дрвја и причинетите штети, и на терен ќе останат цела ноќ, се до нивно расчистување. Ве охрабрувам да останете спокојни, а во текот на утрешниот ден ќе се нормализира функционирањето на градот. Ве повикувам да пријавите непроодни улици, поплавени куќи, подруми, како би можеле да интервенираме брзо и соодветно“, објави синоќа градоначалникот, Илија Тентов./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК