Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Мартин Костовски: Потпишани договори за 94 проекти во општините низ цела држава, финансирани со 49,7 милиони евра од ТАВ програмата

Прес-конференција на Мартин Костовски, пратеник на СДСМ:

СДСМ посветено работи на подобрување на условите за живот на сите граѓани низ целата држава, инвестираме во капитални проекти кои обезбедуваат локален економски раст и рамномерен регионален развој.

Заокружен е ТАВ проектот, потпишани се договорите за 94 проекти во вредност од 49,7 милиони евра, кои во следниот период ќе се реализираат во општините низ цела држава.

Проектите се финансирани преку ТАВ програмата, односно средствата наменети за изградба на аеродромот во Штип ги пренаменивме за инвестиции во општините.

Средствата се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, основни училишта, детски градинки и други проекти важни за развој на општините.

Продолжуваме посветено со инвестициите во инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво, за подобар живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој.

Можеби ќе ве интересира

Уделот на Самсунг (“Samsung“) премиум смартфоните расте во Европа: Galaxy S26 Ultra е на водечката позиција

ДЕСК

Wizz Air најавува отворен ден за пилоти за својата база во Скопје

ДЕСК

„Алкалоид“ одликуван со плакета за најдолго котирано акционерско друштво на Македонската берза

ДЕСК