Centar.mk
СВЕТ

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

Обилните дождови и силниот ветер предизвикаа поплави во повеќе делови од Појасот Газа, каде што голем број раселени семејства живеат во привремени шатори и импровизирани засолништа. Според локалните власти, дождовите оштетиле голем број кампови и дополнително ги влошиле условите за живот на населението.

Канцеларијата за медиуми на властите во Газа соопшти дека биле поплавени околу 70.000 шатори, додека Палестинската цивилна заштита пријавила повеќе од 1.500 повици за итна помош. Водата навлегла во местата за спиење и ги уништила душеците, облеката и другите основни предмети на семејствата.

Хуманитарните организации предупредуваат дека недостигот од соодветни засолништа го зголемува ризикот од заболувања и дополнителни здравствени проблеми, особено кај децата и постарите лица. Продолжувањето на врнежите би можело уште повеќе да ја усложни состојбата во областите каде што инфраструктурата е веќе сериозно оштетена.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА СО НОВИ ИНФОРМАЦИИ – Тројца навивачи остануваат во болница

ДЕСК

НОЌ НА ТЕНЗИИ ВО МОСКВА – Ограничен авиосообраќајот на повеќе аеродроми

ДЕСК

ДРАМАТИЧЕН ИНЦИДЕНТ НА АЕРОДРОМ ВО ВАШИНГТОН – Два авиона оштетени пред полетување откако се допреле

ДЕСК