4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пеколно време и деновиве, од среда освежување – Метеоцентар со детална прогноза

Денес ќе дува умерен до засилен претежно западен ветер (понекаде со над 60 км/час), а ќе продолжи и периодот на стабилно и особено топло време.

Максималните температури особено во појужните делови од Повардарието ќе бидат за 2 до 3 степени повисоки од 40 степени. Насекаде ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. Од средината на следната недела за некој степен температурите ќе бидат пониски.

Прогноза за 04.08.2021
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 35°C до 42°C
Сончево и особено топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. УВ=9

Прогноза за 05.08.2021
Минимална температура: 13°C до 24°C
Максимална температура: 31°C до 39°C
Сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од југозападен правец. Попладнеќе претежно во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. УВ=9

Прогноза за 06.08.2021
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 30°C до 39°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, северозападен правец. УВ=9