Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Салиху за „Слободен Печат“: Скопје го врати неговиот „културен сјај“

Во колумната за „Слободен Печат“ „Скопје, од култура до “скулптура” и назад“, портпаролот на град Скопје Ваљон Салиху истакнува дека во последните три и пол години Скопје го врати неговиот “културен сјај”: „Најдобар показател е тоа што Скопје, од културна гледна точка, се покажа дури појак и од короната и тоа со серијата културни настани на отворено. Пролетта 2020 се подржаа 50 концерти, неколку театарски претстави, изложби и други настани, и тоа на 28 локации во 8 општини како дел од проектот „Култура во време на корона“.”

Салиху потсетува дека традицијата на посетувани концерти на отворено беше негувана и пред пандемијата за време на „Градски летен парк“, и дека „уште долго ќе се паметат концертите за дочек на 2019 со „Парни Ваљак“(со пред-бенд познатите „Офкестра“), и за дочек на 2020 со Дино Мерлин (со пред-бенд познатите „Џипси Грув“).“

„Обидите Скопје од град на културата да стане град на “склуптурата” на крај се покажаа како неуспешни, и тоа благодарение на напорната работа на сите градски културни институции и луѓето во градот кои непречено и со голем мотив работат Скопје да стане фаворит за европска престолнина на културата“ – потенцира портпаролот на Град Скопје во колумната.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК