11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски за утрешното чествување на Илинден

Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“ соопшти кабинетот на претседателот.

„ Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување кон најголемите херои, креативци и артисти на македонскиот народ и македонските граѓани, со целосно потценување на фактот дека државна делегација на чело со претседателот Пендаровски ќе положи венец и свежи цвеќиња на гробот на првиот претседател на Крушевската република, Никола Карев, на паметникот на хероите на Слива и на самиот Мечкин Камен, а ќе биде присутен и на Панихидата во чест на хероите и нивното дело во црквата „Св. Никола“.

Меѓутоа, имајќи го во предвид фактот дека според Мицкоски чествувањето на Илинден во Крушево на 2 Август ќе биде „циркуски церемонијал“, тогаш не изненадува неговата одлука најголемиот македонски празник да го чествува во Ташмаруништа, наместо во Крушево. Најверојатно затоа што борбите кои се водени во тој крај се далеку позначајни од борбите за ослободување на Крушево со кои се удрени темелите на македонската држава“ се вели во реакцијата.

Како што се додава, претседателот Пендаровски жали што неговиот искрен обид за надминување на длабоките политички разлики барем на Илинден не беше разбран од дел од политичките лидери за кои партијата е сѐ уште пред државата. Независно од тоа, Претседателот ќе продолжи да работи во иста насока, секогаш имајќи ги во преден план државните и национални интереси, стои во соопштението од неговиот кабинет.

Спонзорирано: