28.8 C
Скопје
27. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

Заев за евроинтеграциите до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Криво ви е, ги пропуштивте сите шанси во 11 години!

Јас разбирам дека ви е криво, дека сте ги пропуштиле сите можни шанси во 11 години, разбирам дека знаете колку губите, дека сте провидни со вашите политики. Јас разбирам дека знаете дека ќе изгубите и на следните избори заради провидноста на ваквите ваши лицемерни политики, им порача премиерот Заев на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нас прашање поврзано со почеток на преговорите со ЕУ и блокадата на Бугарија.
„Ако сме за ЕУ тогаш работиме за ЕУ и, ако целиот свет вели дека сме исполниле се и дека сме пример и за европски вредности, европски манири, европски односи, за сè, а само Бугарија е причината за следните наши чекори за интеграцијата во ЕУ, ама посочувате прст спрема ова Влада, тоа е недозволиво и заради тоа лицемерие ќе губите на изборите, оти народот знае сè“, им порача премиерот Заев на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано му дофрлуваа и го прекинуваа од место за време на одговорот на пратеничко прашање.

„Апсолутно ниту имам намера да бидам нервозен, ниту има потреба и вие да бидете нервозни. На тој пат поголема афирмација нашата земја никогаш немала. На патот на ЕУ и на патот на првата стратешка цел, членството во НАТО не добила нашата земја никогаш поголема афирмација и поголема поддршка во тоа што денеска го има. И ред е да се поклоните на тоа и да кажете „аферим“, на тоа што е направено, се друго е кабаетлук, провидност во политиките кој што се препознаени од граѓаните. Дали се, ќе увидиме на 17 октомври, еве доаѓа, затоа што и тоа има рефлексија на изборите иако се локални, еве ќе дојде времето и тоа ќе го покаже“, порача Заев.

Тој потсети дека како шеф на опозицијата бил од помош на тогашната извршна власт и Влада за помагање и решавање на стратешките прашања. „За жал, вие не сте. Едно зборувате надвор кога сте, друго зборувате дома кога сте, трето – отворате провокации кои што не ни се потребни и сл. Така што, првиот одговор на прашањето е: Алтернатива за членство во ЕУ нема и не треба да има и фала му на Господ и на нашиот народ што сè уште, иако незаслужено, не го доби тоа што ЕУ го вети, сепак повеќе од 75%, во некои анкети 80%, во некои 76% е за членство во ЕУ и тоа така ќе продолжи“, истакна Заев.

Притоа, тој рече дека додека се чек ЕУ да се одлучи, нема дилеми дека како држава треба да работиме, треба да градиме пријателство, да ги отвораме сите административни пречки и бариери, сè со конечна цел, да донесеме поголема благосостојба на нашиот народ, на нашата економија, трговија, извоз, затоа што тоа носи поголем БДП, поголем економски стандард, повеќе работни места и сл. Во тој контекст, тој зборуваше за придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“.

„На времето имаше фајт, кавги, меѓу политичарите. Не така долго, пред четири години бевме скарани и со Србија и со Албанија и со Косово и со Бугарија и со Грција, со сите до еден и што добивме од тоа? Добивме бела чума, да заминат граѓаните надвор од државата, добивме разочараност, добивме апатија во општеството. Денеска имаме соработка во регионот, денеска лидерите седат заедно, зборуваат во исти дух за придобивките на својот народ, има разлика од небото до земјата за политиките денеска и пред 5 години и, затоа, ред е да се приклучите на тоа што е добро, на тоа што носи придобивки на нашиот народ“, упати порака премиерот Заев до пратениците од опозицијата.