Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сорос донира амбулантно возило и поддршка за медицински персонал за две години за граѓаните на Шуто Оризари

Преку проектот „КОВИД – Итни интервенции во општина Шуто Оризари“ финансиран од Канцеларијата за Ромски иницијативи во рамките на Фондацијата отворено општество – Берлин, ќе се набави амбулантно возило за итна помош за користење од страна на Поликлиниката во Шуто Оризари за потребите на населението во општината. Со останатите средства од овој проект ќе се вработат две лица Роми ангажирани за потребите на Поликлиниката.

Проектот служи за подобрување на условите во поликлиниката Шуто Оризари при справување со здравствентие предизвици и ублажување на последиците од КОВИД-19 за ромското населени во оваа општина. Канцеларијата за иницијативи за Ромите при Фондациjaта отворено општество, преку спроведувачот на овој проект – Институт за Истражување и Анализа на Политики, во соработка со „Аваја“ обезбеди, финансиски средства во износ од 63,800 евра.

Освен набавка на ново амбулатно возило, со дел од средствата ќе се обезбеди работен ангажман во период од 24 месеци на две лица Роми кои што ќе бидат ангажирани во рамките на здравствен дом Скопје за потребите на Поликлиниката во Шуто Оризари и за функционирање на амбулантното возило за итна помош.

Владата денес го промовираше и Мечинг Фондот вреден 2,5 милиони евра во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за нови вработувања, за поддршка за формализација на сивата економија, како и за поттикнување на претприемништвото кај ромската заедница.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +