22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ им должи одговори на наставниците зошто блокира раст на плати и вработување на неопределено

Министерката за образование и наука Мила Царовска ги повика наставниците да побараат објаснување од опозициските пратеници зошто не ја почитуваат и вреднуваат работата на наставниот кадар и се против законските измени кои ги блокираат во Собрание, а со кои се унапредуваат правата и економската сигурност на наставниот кадар.
Царовска истакна дека економската и правната сигурност на наставниците за Владата е на врвот на приоритети, за што е подготвен закон со кој се гарантираат овие права на наставниот кадар и стручните соработници.

“За жал, опозицијата продолжува да го блокира во Собранието овој процес којшто е од најголем интерес на наставниците, а со тоа и на учениците. Вчера бевме сведоци на неуспешно дискутирање на Комисијата за образование во Собранието кадешто опозицијата го блокираше повторно овој закон со кој се гарантира трансформација за повеќе од 4.700 наставници, коишто во моментот немаат правна сигурност на нивното работно место. Исто така, во овој закон стои и клаузула во којашто правно се заштитува понатаму девалвирањето на платата на наставникот затоа што за првпат се усогласува со минимална плата. Како минималната плата ќе расте, така ќе растат и платите на наставниците. Но, опозицијата како и досега што докажуваше дека не се грижи за наставниците, продолжува на истиот начин да ги блокира сите оние законски решенија кои се во интерес на граѓаните, но и сега специфично во интерес на наставниците”, изјави Царовска.

Потсетуваме дека законот уредува сите нови вработувања во училиштата да бидат директно на неопределено време, наместо како досегашната практика да се чекаат две години за отпочнување на процес на трансформација, а воедно и сите наставници и стручни соработници кои во овој момент се ангажирани на определено време, со стапувањето во сила на законските измени ќе добијат решение за трајно вработување, доколку ги исполнуваат предвидените законски услови.

Законското решени овозможува професионален и кариерен развој за вработените во училиштата, како и следење и оценување на работата уште од првиот ден на стапувањето во редовен работен однос. Воедно, за прв пат законски се дефинираат компонентите на платата на наставниците и стручните соработници, со што се овозможува исплата на додатоците на плата за претходно стекнатите педагошки звања како резултат на успешност во работењето, додатокот за одделенско, односно класно раководство, за работа во комбинирана паралелка и за работа во ридско-планинско подрачје, за кои во минатото имаше реакции дека не се исплаќаат од страна на училиштата.

Решението предвидува и исплата на целосна плата за неполн неделен фонд на часови на наставниците кои ќе реализираат воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно Концепцијата за основно образование и воспитание, доколку имаат минимум 10 наставни часови во неделата. А предвидено е и покачување на платите на наставниците со секое зголемување на минималната плата.

Наставниците и стручните соработници се најважната алка во реализацијата на воспитно-образовниот процес и затоа апелираме до членовите на Комисијата, кои поради партиски директиви ја опструираат работата на ова тело, само заради собирање на ситни – дневно политички поени, но и само поради тоа што токму тие не се предлагачи на овие позитивни промени, конечно да ги надминат партиските интереси и да ја започнат дискусијата за законското решение, како би дале придонес кон формулирање на неговата најдобра верзија.

Можеби ќе ве интересира

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 36 отсто, ВМРО-ДПМНЕ само 4 отсто

M T

СДСМ: Наставниците да се водат од интересите на децата, ВМРО-ДПМНЕ да престане со партизација на штрајкот

M T

СДСМ: Ги покачивме платите на наставниците за 21%, само преку социјален дијалог е можно решение

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ еден ден зборува едно друг ден друго, блокира поголеми плати за наставниците во Собранието

M T

СДСМ: Врв на деструкција, ВМРО-ДПМНЕ блокира Закон за поголеми плати за наставниците

M T