22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕИЗБОР

Бројни придобивки од капините: Моќен подарок од природата за нашето здравје

Започна сезоната на капини, овошјете од бобинки, кое, за жал, не е често присутно во нашата исхрана, и претставува моќен подарок од природата за нашето здравје.

Ова овошје е одлично во превенција од многу болести и е на листата на топ 10 намирници кои можат да спречат појава на малигнитет.

Капината е богата со витамини А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е и К, како и фолна киселина.

Исто така, содржи магнезиум, калиум, калциум, цинк и железо. Конечно, капините содржат амино киселини и диетални влакна кои го зачувуваат здравјето на дигестивниот систем.

Капината е ефикасна во спречувањето на појавата на рак на белите дробови, хранопроводот и дебелото црево.

Капините се особено корисни за постарите луѓе, бидејќи помагаат да се забави слабеењето на моторните и когнитивните функции.
Редовното консумирање капини може да ја подобри меморијата. Исто така, тие се полни со растворливи и нерастворливи влакна важни за оптимално функционирање на дигестивниот тракт.

Помагаат да се испразнат цревата и го регулираат запекот, па затоа се препорачуваат за секој што има проблеми со перисталтика.

Сезоната на ова летно овошје е во тек, затоа ве советуваме да побрзате на пазарите и да ја вклучите оваа здрава храна во вашата исхрана.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Интеграциите носат придобивки, 225 милиони евра од ЕУ

M T

Вкусни и здрави: Пет причини зошто да јадете КАПИНИ

M T

Дали знаевте дека со ПЛИВАЊЕ можете да согорите до 715 калории на час: Овие се другите придобивки

M T

Вкусна и хранлива: Бананата ја подобрува работата на срцето, помага при анемија и варење

M T