22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Ваучери за туризам за граѓаните со ниски приходи

Министерството за економија обезбеди дополнителни 23 милиони денари за ваучери за туризам од 12.000 денари за лица со ниски приходи кои што аплицираа на Јавниот повик, информираа денеска од ова министерство.

„Со ребалансот на Буџетот за 2021 година обезбедени се дополнителни средства за ваучери за туризам, со што над 3.500 граѓани со ниски приходи оваа година ќе може да летуваат во домашните туристички капацитети“, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши, досега се издадени 1.250 ваучери од 12.000 денари за туризам во вредност од 15 милиони денари колку што беа предвидени во Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 година.

„На сите граѓани што аплицирале и што ги исполнуваат условите за добивање ваучер за домашен туризам ќе им бидат врачени во текот на наредната недела. Ваучерите за туризам може да се користат најдоцна до 30 ноември 2021 година во домашните туристички капацитети кои што се пријавија на Јавниот повик на Министерството за економија. Поддршката на туристичкиот сектор е наш приоритет“ напиша Бектеши.

Според Јавниот повик, потврда-ваучер за користење на средства за организиран одмор на работници со ниски приходи можеа да добијат сите граѓани чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари и кои аплицираа на Јавниот повик кој беше објавен на 8 јуни 2021 година.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Постоиме благодарение на 11-октомвриското победничко востание и АСНОМ, да бидеме и денес на вистинската страна, напредокот!

M T

Ковачевски: Реформски ја унапредуваме јавната администрација, за подобри услуги за граѓаните и компаниите

M T

МТСП: 8 Септември неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

M T

Коста Костадинов на чести средби со граѓаните – Ретко одат на седниците на општинските совети, ама сакаат средби со градоначалници

M T

СДСМ: Два нови капитални објекти за граѓаните, систем за наводнување во Ранковце и градинка во Крива Паланка

M T

02 Aвгуст неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

M T